Бени не се откажува од фотелјата во МКЦ. На конкурсот се пријавиле уште двајца

Три пријави стигнале на конкурсот кој го објави Младинскиот културен центар (МКЦ) за избор на директор на институцијата. Како што пренесува СДК ппвикувајќи се на извори на Управниот одбор на МКЦ, кандидатури поднеле музичарот Бени Шаќири, дипломиран продуцент и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Според процедурата, Управниот одбор на МКЦ ги доставува апликациите од кандидатите до градоначалникот на Град Скопје, со тоа што предлага кандидати кои според критериумите се соодветни за позицијата за која аплицираат. Условите, покрај високото образование во областа на хуманистичките науки, се и 5-годишно работно искуство во областа на културата.

Во конкретниот случај, биле предложени сите тројца кандидати и сега градоначалничката Данела Арсовска треба да одлучи кој од нив ќе биде нов директор.

Повеќе

Back to top button
Close