Бентли отпушта до илјада работници

– Британскиот производител на луксузни автомобили „Бентли“, кој е во сопственост на германскиот „Фолксваген“, денеска соопшти дека планира да отпушти илјада работници, односно близу една четвртина од својата работна сила.

Ова не е единствениот ваков случај во автомобилската индустрија која е погодена од пандемијата на Ковид-19. Отпуштања веќе најавија и домашниот конкурент на Бентли, Астон Мартин и застапништвото за продажба на автомобили „Лукерс“, по што без работа ќе останат до две илјади луѓе.

Бентли, фирма која е стара веќе еден век, соопшти дека на заинтересираните работници им нуди програма за доброволно заминување, но оти во иднина не се исклучени присилни отпуштања.

Back to top button
Close