Бензините и дизелот повторно поскапуваат – ова се новите цени

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, додека

малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит,.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на

Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,856 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,913 ден/кг

Back to top button
Close