Бербери бесплатно ќе потстрижуваат вo недела во Ѓорче Петров
Пензионери и граѓани од социјално ранливи категории од општина Ѓорче Петров вo недела ќе можат да добијат бесплатно потстрижување.

Хуманитарната акцијата која берберите ја спроведуваат втора година по ред со поддршка на Општината, ќе се одржи на 21 декември во периодот од 10 до 13 часот во Домот на културата во Ѓорче Петров.






