Бериша ќе патува во САД, поканет од IDU на Конвенцијата на Републиканската партија во Тексас

Лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша, денеска добил допис од Меѓународната демократска унија (IDU) да биде дел од нејзината делегација на Републиканската национална конвенција во 2026 година, што ќе се одржи во Далас, Тексас, на 9 и 10 септември.
Во официјалното писмо, од 7 август 2026 година, генералната секретарка и извршна директорка на IDU, Тина Мерчеп, го потврдува учеството на Бериша како член на делегацијата на организацијата во таа активност.
„ИДУ е задоволна што ќе се придружите на делегацијата и сме убедени дека вашето учество на овој историски состанок на Републиканската партија ќе биде вредно за вас и за Демократската партија на Албанија“, се наведува во писмото од Мерчеп до Бериша, објавија албанските медиуми.
Бериша(82), кој е поранешен шеф на државата и екс премиер, беше прогласен за „персона нон грата“ од САД во мај 2021 година за „коруптивни дела кои ја поткопуваат демократијата во Албанија”, додека во јули следната година истото го направи и Велика Британија.
Неодамна тој изјави дека „администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја поништила оваа одлука”, но официјална потврда за тоа до сега не е објавена.






