Берлинскиот аеродром продолжи со работа по прекинот поради дрон

Германскиот аеродром Берлин-Бранденбург денеска продолжи со работа по привремениот прекин поради дрон забележан синоќа.

Портпаролот на аеродромот потврди за германската новинска агенција ДПА дека во моментов нема ограничувања.

Авиосообраќајот беше прекинат нешто помалку од два часа синоќа, а многу летови беа пренасочени.

Работното време на аеродромот беше продолжено за да им се овозможи на авионите да полетуваат до два часот наутро и да слетуваат преку ноќ за да се надоместат доцнењата.

Пет појдовни летови го искористија исклучокот. Инцидентите со дронови сè повеќе ја нарушуваат работата на германските аеродроми. На почетокот на октомври, дрон од непознато потекло накратко го запре одвивањето на сообраќајот на аеродромот во Минхен, кој е втор по големина во Германија.

Back to top button
Close