Бернардо Силва ќе замине од Сити

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва по осум сезони ќе го напушти тимот на Манчестер Сити. Според информациите од клубот тој на крајот на сезоната ќе мора да замине. Раководството на клубот нема намера да потпише нов договор со играчот откако договорот ќе му истече во јуни следната година, објавија британските медиуми.

На тој начин Силва ќе има иста судбина како и Кевин Де Бруин, кој десет сезони беше еден од главните играчи во клубот, а летово замина како слободен играч во Наполи.

Бернардо Силва досега со „граѓаните“ освои шест титули првак на Англија, два ФА купа и еднаш триумфираше во Лигата на шампионите.

Тој во моментов е втор на платниот список во редовите на Манчестер Сити со годишна заработка од 18 милиони евра, единствено Ерлинг Халанд има поголема плата од него.

Како потенцијални клубови се споменуваат Бенфика и Јувентус.

Back to top button
Close