Беровци се организираат за помош на свој сограѓанин чија покуќнина изгоре во пожар

Жителите на Берово се организираат за помош на свој сограѓанин на кој му изгоре покуќнината во пожарот, кој завчера ја зафати неговата куќа на улица „23 Август“. По пожарот беше организирана акција за чистење на остатоците од пожарот од страна на хумани граѓани кои веднаш изразија желба да помогнат.

-Загрозено е домувањето на сопственикот, на кој од самите фотографии може да се види дека огнот му пеплоса се што имаше. Деновиве му е потребна нашата помош, па затоа упатуваме апел до сите, да помогнеме, со средства, материјали за да се направи изгорената соба и да може човекот со големото срце кој сите Малешевци го познаваат, да има каде да се врати и рехабилитира, велат организаторите на акцијата за помош.

Во пожарот сопственикот на опожарената куќа беше хоспитализиран во болницата во Кочани, поради изгореници на едната страна од телото.

-Се надеваме на негово брзо закрепнување бидејќи тоа е најважно. За сета потребна помош и донаторски акции, граѓаните на Берово дополнително ќе бидат известени, додаваат хуманите граѓани.

Официјалната прочина за пожарот се уште е непозната. Со цел избегнување на ваквите и слични појави од ТППЕ Берово апелираат до граѓаните на редовно чистење на димоводните канали на своите куќи бидејки најчестите причини во зима, како што додадоа, се јавуваат поради неисчистени оџаци

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close