Беса Арифи: Со пресудата за Мијалков судот испрати важна порака

Универзитетската професорка по казнено право, Беса Арифи, вели дека денешниот ден е важен, бидејќи е осуден човек на кој многумина во минатото се плашеа да му го споменат името.

Таа во емисијата „360 степени“ вели дека е многу важно што случајот „Таргет-Тврдина“ добива правна разрешница, а судот испрати важна порака.

„Мислам дека ова е важен ден за правдата во С Македонија имајќи предвид дека случајот ‘Таргет-Тврдина’ беше главниот случај, ‘мајка’ на сите случаи кои ги покрена поранешното СЈО кој денеска доби првостепена пресуда. Овој ден е важен, затоа што еден многу силен човек од кој многумина се плашеа да му го споменат името, го викаа „сенка“, братучед итн. Се плашеа да му го споменат името, а денеска завршува како осуден човек од прв степен со доста сериозна казна од 12 години затвор. Во оваа насока мислам дека судот со ваквата пресуда испрати порака ваквото кривично дело е тешко дело и не треба да се повтори од секој кој што може да дојде во позицијата на сила како што имаше Мијалков“,рече професорката Арифи.

Back to top button
Close