БЕСА го поддржува продолжувањето на штрајкот на работниците во образованието

Ние како Движење БЕСА го поддржуваме продолжувањето на штрајкот на работниците во образованието

ДУИ со своите ниски методи секојдневно ги лаже не само наставниците туку и граѓаните. ДУИ повторно излажа дека „наводно” постигнале договор наставата да почне во понеделник. Иако преку партиско соопштение се пофалија на такво нешто уште пред неколку дена , но тоа не се случи. Денешниот обид за договор меѓу Владата и СОНК беше неуспешен, неприфаќајќи ги барањата на наставниците од страна на Владата.

Со овие постапки ДУИ се обидува да врши притисок врз вработените во образованието. Добро е да се усогласуваат ставовите во рамките на ова партија, министерот за финансии од нивните редови изјавува дека нема да има зголемување на платите, министерот за образование од истата партија изгледа нема идеја да ја менаџира ситуацијата додека ставот на ДУИ беше дека „наставата ќе започне”, во овој случај имаме три различни ставови од една иста партија, а сите три се лаги затоа продолжувањето на штрајкот на СОНК е правилна одлука и има целосна поддршка од Движењето БЕСА.

Back to top button
Close