За БЕСА предлогот на ДУИ за премиер Албанец е евтин предизборен трик

БЕСА ќе го надополни мозаикот за тотално рушење на поранешниот режим ВМРО-ДУИ, вели Аријанит Хоџа

Ние како политичка партија која доаѓа со едно опозициско искуство сме спремни да преземеме обврска да владееме, вели генералениот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа во интервју за Фокус.

„За жал, тоа што ДУИ го нуди не е концепт. Понудата за поддршка на кандидат за премиер остава горко чувство кај секој граѓанин, а посебно кај Албанците, бидејќи кога се крие името граѓаните одма мислат кој од најслабите кадри на ДУИ може да претендираат за една таква номинација. Оваа идеја ДУИ можеа да ја претстават пред откажаните избори на 12 април, но тогаш не ни размислувале за ваква идеја, туку сега, кога гледаат дека тонат политички и нивниот рејтинг е во слободен пад, се обидуваат со вакви идеи да го запрат падот. За среќа, Албанците веќе ги препознаваат ефтините предизборни трикови на ДУИ“, изјави Хоџа, чија партија на предстојните избори настапува во предизборна коалиција со СДСМ

Според него, предлогот на ДУИ за премиер-Албанец е „евтин предизборен трик“.

Хоџа на изборите очекува апсолутна победа, и во албанскиот политички блок и на ниво на држава како коалиција, додавајќи дека на тој начин ќе го надополнат мозаикот за, како што вели, тотално рушење на поранешниот режим ВМРО-ДУИ.

„СДСМ успеа да го победи едниот дел од режимот, но сега заедно ќе успееме да го тргнеме и остатокот од тој режим, кој за жал, заради наметнатите бројки, не успеавме да го направиме во 2016 година“, изјави Хоџа за Фокус

 

Back to top button
Close