Бесент: Економскиот притисок може да ги натера Русите на преговарачка маса

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави денеска дека дополнителен економски притисок од страна на САД и Европа може да го натера рускиот претседател Владимир Путин да започне мирни преговори со Украина.

– Ако САД и Европа (Европската Унија) се вклучат, воведат повеќе санкции, секундарни тарифи на земјите кои купуваат руска нафта, руската економија ќе се распадне целосно и тоа ќе го натера претседателот (Владимир) Путин да седне на преговарачката маса, рече Бесент во емисија на Ен-Би- Си.

Министерот за финансии истакна дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп е „подготвена да го зголеми притисокот врз Русија“

– Сега сме во трка помеѓу тоа колку долго може да издржи украинската војска наспроти колку долго може да издржи руската економија, додаде Бесент

Back to top button
Close