Бесими: Државна поддршка од 150 милиони евра за фирмите!

Скоро 150 милиони евра е буџетската поддршка за домашните и странските фирми годинава или пет пати поголема споредено со пред пет години. Реинвестираната добивка, исто така, е ослободена по два основи. Во време на ковид-кризата фирмите беа поддржани со низа мерки од државата. По принципот на солидарност, оние фирми кои оствариле екстра профит, како резултат на минатогодишните случувања на пазарот, а од кои голем дел користеле претходно владини мерки, треба да придонесат преку плаќањето на данокот за солидарност, средства кои ќе се користат исклучително за новиот пакет антикризни мерки за граѓаните и фирмите.

Ова меѓу другото го изјави министерот за финаннсии, Фатмир Бесими синоќа на тв24.

„Ако гледаме наназад само од 2017 година наваму директни субвенции во стопанство по основ на инвестиции и врз основа на други програми, директно од буџетот од 1,9 милијарди денари во 2017, се покачени на 7,76 милијарди денари годинава, дополнително утре имаме комисиска расправа за покачување на овие средства за дополнителни 1,3 милијарди денари. Државната поддршка за стопанството е сериозна, да го земеме периодот на ковид-кризата, на пример – имаше поволни кредити од ЕИБ, бескаматни кредитни линии, гарантна шема. Исто така, сега се обезбедени дополнителни 100 милиони евра од ЕИБ и 50 милиони евра од Банката на Совет на Европа“, посочи Бесими.

Министерот за финансии истакна дека најголем дел од компаниите кои оствариле екстра профит лани, за повеќе од 20% од просекот од претходните три години и подлежат на данокот на солидарност се околу 40% фирми од енергетскиот сектор, околу 40% се фирми од финансискиот сектор, игри на среќа и трговија на мало и остатокот од 20% се фирми од други дејности.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close