Бесими на средби со Вархеји и Хан во Брисел

Министерот за финансии Фатмир Бесими престојува во посета на Брисел, каде што ќе се сретне со високи претставници на Европската комисија. Во фокусот на разговорите, како што се соопштува, ќе бидат ЕУ перспективите на земјава, очекувањата од француското претседателство, како и актуелната енергетска криза и инфлацијата.

На средбите, министерот Бесими ќе ги презентира мерките што земјава ги презема за справување со влијанието од енергетската криза која е од глобални рамки, како и приоритетите на Министерството за финансии кои се насочени кон засилување на реформскиот процес во областа на управувањето со јавните финансии, реформите предвидени во Програмата за економски реформи и фискалната консолидација.

„Разговорите на министерот ќе бидат фокусирани на ЕУ перспективите на С Македонија, очекувањата од француското претседателство за напредок во процесот на отворање на пристапните преговори, кои во моментов се блокирани од Бугарија и нашата посветеност да продолжи дијалогот за решавање на отворените прашања, како и приоритетите на Министерството за финансии, кои се насочени кон засилување на реформскиот процес во областа на управувањето со јавните финансии, реформите што се предвидени во Програмата за економски реформи, за што е започнат процесот на консултации со ЕК, како и фискалната консолидација – информираа од Министерството за финансии.

Според агендата, министерот Бесими треба да се сретне со еврокомесарот за соседство и преговори за проширување, Оливер Вархеји, комесарот за економија, Паоло Џентилони, комесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, и вршителот на должност генерален директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување Мачиеј Поповски.

 

Back to top button
Close