Бесими: Наредните денови Владата ќе објави пакет-мерки за надминување на состојбите во економијата

Утре во 17 часот во Владата ќе има средба на Економскиот совет во поширок состав

Во текот на наредните денови ќе биде објавен пакет-мерки за надминување на актуелната состојба во економијата, најави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Сите можни интервенции за спречување на ценовните шокови се разгледуваат на Влада. Од премиерот е испратена официјална покана и утре во 17 часот во Владата ќе има средба на Економскиот совет во поширок состав. На средбата покрај министрите од економските ресори ќе присуствуваат и надворешни експерти од земјава. Тие ќе дадат свој придонес во однос на согледувањето на актуелните состојби во економијата и кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија -рече Бесими за ТВ Сител.

Министерот за финансии нагласи дека сега е веќе извесно дека руско-украинската криза нема да трае кратко и оти нема да заврши во наредните денови, поради што се бараат алтернативни чекори за снабдувањето со руски гас, а и стопанствениците сами бараат начини во однос на другите производи што се увезуваат од таму.

Back to top button
Close