Бесими одби да даде изјава за роденденската прослава без маски

Прославата на роденденот на Али Ахмети која беше организирана во новата зграда на Министерството за политички систем предизвика бура од реакции бидејќи присутните не ги почитуваа мерките за заштита од Ковид односно сите беа без маски, а во непосредна близина.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими кој самиот беше дел од роденденската прослава без маски на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Министерството за политички систем одби да ја коментира прославата.

Вели дека изјава веќе дал вицепремиерот Груби.

-Веќе имаше изјава од првиот вицепремиер Артан Груби и нема што повеќе да одбивам или да одземам од тоа што го има изјавено, рече Бесими во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Back to top button
Close