Бесими: Се размислува за викенд без ДДВ за прехранбени производи за време на празници

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска обелодени дека се размислува да се воведе викенд без ДДВ кој ќе важи само за прехранбените производи и кој би се спровел во текот на една или две седмици за време на празници.

– Сакаме да им дадеме можност пред се за граѓаните со понизок социјален стандард за време на празниците да си дозволат да слават, а да не плаќаат данок. Мислам дека како општество можеме да си го дозволиме тоа, рече Бесими на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со премиерот Димитар Ковачевски го презентираа новиот даночен концепт.

Back to top button
Close