Бесими за ТВ24: Преку еврообврзница не е исклучено да бараме 600 милиони евра – го чекаме вистинскиот момент

Не е исклучено земјава преку еврообврзница да земе заем од 600 милиони евра – односно целото планирано задолжување за годинава да се земе однадвор.

 

Министерот за финансии, Фатмир Бесими во Анализа на ТВ24 вели подготовките се завршени се чека погоден момент и пониски каматни стапки.

 

Се ќе зависи според него од условите, и остануваат отоврени двете опции – задолжувањето да биде дел на надворешниот, дел на домашниот пазар.

 

Министерот повторува – буџетот е ликвиден, но се прават анализи за ребаланс. Разговорите и преговорите со министерствата во однос на ребаланост се веќе започнати. Поради војната во Украина, Бесими вели очекувано е проекциите да се корегираат. Кога би бил готов ребалансот нема детали.

 

Владата минатата недела за ублажување на ценовниот шок врз граѓаните, но и компаниите излезе со сет од мерки – целиот пакет антикризни мерки тежи 400 милони евра – во него вклучува даночни ослободнувања, намалувања, замрзнувања на маржи, еднократни ваучери. А не се исклучува можноста ниту за нови мерки.

Надлежните и натаму смируваат денарот е стабилен – таков ќе остане, нема простор за паника.

 

 

Back to top button
Close