Бесими: Живееме во периоди на криза особено во последните години

Реализација на реформите што го поддржуваат стабилниот развој на финансискиот систем, а со цел задржување на високиот степен на макроекономска и фискална стабилност е еден од главните приоритети на Владата и Министерството за финансии, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на отворањето на 21-вата Годишна конференција на Македонската берза на хартии од вредност на која истакна дека се соочуваме со голем број предизвици во услови на различни кризи, но посветено се работи на интегративни процеси, скрининг процесот со Европската Унија и реформи кои ќе овозможат континуиран и забрзан раст.

– Живееме во периоди на криза особено во последните години. Се соочуваме со економски предизвици низ кои мора да имаме брзи и ефикасни одговори, а во исто време да ги поддржиме долгорочните определби. Затоа и приватниот сектор и ние носителите на политики треба да подготвиме политики што ќе бидат одржливи и да реагираат на кризите, но притоа да не се заборават реформите и развојот, истакна Бесими.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close