Бесплатен концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје на 8 мај

Познатиот македонски композитор и пијанист Дуке Бојаџиев ќе одржи концерт во Скопје на 8 мај, по повод Денот на Европа.

Настанот во Градски парк е во организација на Делегацијата на Европска Унија и Европската куќа во Скопје.

Концертот ќе понуди несекојдневно филмско – музичко искуство, најавуваат организаторите.

Тоа ќе биде прв настап на Бојаџиев во Скопје по концертите во Филхармонијата пред четири години, а најавено е дека ќе го придружуваат реномирани меѓународни и домашни музичари. Тој ќе ги изведе своите најнови дела, спој на неговата оркестарска и филмска музика, заедно со композиции инспирирани од неговиот живот во Франција и Шпанија, дополнети со традиционалната балканска и медитеранска музика.

Концертот ќе биде со почеток во 20 часот. Влезот е бесплатен.

Back to top button
Close