Бесплатен паркинг на дел од јавните паркиралишта во Скопје


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека за време на новогодишните празници односно на 1 и 2 јануари на јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември нема да се врши наплата.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје посочуваат дека јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 1 и 2 јануари.

Додека пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и редовна наплата.

Back to top button
Close