Бесплатен превоз за „Бела ноќ“ во Скопје во функција ќе бидат и ноќните линии

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“. Во функција ќе бидат и дел од ноќните линии – 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В.

Како што информираат од ЈСП Скопје, бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, 25 септември од 18 часот, до 5 часот во недела, 26 септември.

Ноќните линии ќе сообраќаат во недела со следниов возен ред.

ЛИНИЈА 2 – Автокоманда – Сарај.

Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 – Дексион – Ново Лисиче.

Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Ново Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 – Карпош 3 – Горно Лисиче.

Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Горно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 22 Транспортен центар – Лепенец.

Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч

Back to top button
Close