Без маска нема влез во авион во САД

 Патниците на американските авиокомпании кои одбиваат да носат заштитни маски, би можеле да бидат спречени да се качат во авионот, соопшти групата „Ерлајнс фор Америка“.

Исто така, дури и по влегувањето во авионот, стјуардите и стјуардеситеимаат овластување да ги предупредат патниците да ги вратат маските на лице доколку ги отстранат за време на летот.

Меѓу авиокомпаниите кои ја спроведуваат оваа нова политика се Алјаска ерлајнс, Американ ерлајнс, Делта ер лајнс, Хавајан ерлајнс, ЏетБлу Ервејс, Саутвест Ерлајнс и Јунајтед ерлајнс, се вели во соопштението на „Ерлајнс фор Америка“.

Авиокомпаниите јасно ќе ги информираат патниците за нивните правила, а секој превозник ќе утврди соодветни последици за патниците што немеа да ги почитуваат, вклучително и ставање на црни листи.
Новите ригорозни правила за носење заштитни маски се обврзувачки и за патниците и за екипажот во кабината, се вели во соопштението.

Back to top button
Close