Без новозаразени и тројца оздравени од коронавирусот во Кичево

– Во Кичево денеска нема нови лица заразени, но имаме тројца оздравени, покажуваат податоците од Министерството за здраство со коронавирус, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во нашата општина остана на 269 лица, од кои 70 се активни, 187 се излекувани и 12 лица се починати, информира Емин Насуфи од Кризниот штаб на општина Кичево.

– И денешните податоци зборуваат дека имаме намалување на активните случаи во Кичево, вели Насуфи

Тој упатува апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close