Без победник во најголемото дерби во турскиот фудбал

Дерби натпреварот од 14. коло во турското фудбалско првенство меѓу Фенербахче и Галатасарај заврши вечерва нерешено 1-1, во тензичен натпревар со 34 прекршоци, седум жолти картони и инциденти пред и за време на дуелот во Истанбул.

Галатасарај дојде во водство со голот на Лирој Сане со во 27. минута, а Џон Дуран израмни за Фенербахче во петтата минута од судиското продолжение.

Со овој бод, Галатасарај остана лидер на табелата со 33 бодови, еден повеќе од второпласираниот Фенербахче.

Back to top button
Close