Без позитивни на коронавирус во англиските лиги

– Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) објави дека нема нови заразени лица во новата рунда тестирање за коронавирус.

Во текот на изминатата недела беа тестирани 3.555 фудбалери и членови на тимот од Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2.

Тестирани се 24 екипи и 3.136 лица од Чемпионшип, 381 во Лига 1, а во Лига 2 – 38.

Два позитивни резултати беа регистрирани во претходниот тест.

ЕФЛ соопшти дека ќе продолжи да ја известува јавноста за резултатите со цел да се зачува интегритетот и транспарентноста на натпреварувањата.

По скоро една година, Чемпионшип завршува вечерва. Познато е дека шампионот Лидс си освои место во Премиер лигата, а за сè друго ќе се реши по вечерашните натпревари. Вест Бромвич Албион, Брентфорд и Фулам се борат за второто место кое води директно во Премиер лигата.

Двете екипи кои нема да успеат да го сторат тоа, сигурно ќе играат во плеј-офот. Нотингем Форест, Кардиф и Свонси исто така се борат за преостанатите две места во плеј-офот.

Се води голема борба и за опстанок, што во голема мера ќе зависи од исходот на жалбата на Виган за одземање 12 поени заради банкрот.

Back to top button
Close