Без резултати 11. средба на македонско-бугарската комисија, проблем употребата на придавката македонски

Без резултати заврши дводневната 11.средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, информираа на денешната онлајн прес-конференција копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров.

-Треба да констатираме, за жал, дека  11-та средба е нула, нема направено дури ни еден минијатурен черкор. Сигналите кои веќе ги имавме денешната средба, за жал,  ги потврди, а една од нив е поврзана со на прв поглед технички момент, но суштински политички.Тоа е откажувањето на нашите колеги по 7. средба да ги потпишуваат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави македонски. Но, блокирајќи го потпишувањето на записниците се става под сомневање нашата работа бидејќи без документ за тоа кои дискусии се водени, какви одлуки се донесени, работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање желба да се работи поинтензивно и со повеќе резултати. За жал, нашите опсервации покажуваат дека оваа нова позиција на нашите колеги е дел од еден политички однос, од едно убедување за дискредитирање на Бугарија и на државните позиции кои почнаа минатата година, рече Димитров.

Според него, по однос на суштината на нивната работа, во Македонија се зборува дека Комисијата  решила три периоди и се споменува, освен старата историја, средниот век, дури и раниот период на османливоството на Балканот, но вели, ние сме многу далеку во врска со учебниците кои ги добиваат учениците во 7-мо одделение за средниот век.

-Нашите забелешки беа околу 14 точки, ние сме на 4. точка. Поврзана е со цар Самоил и заврши без резултат и покажува отстапување од веќе подготвен заеднички текст за двете влади за заедничко чествување на една ваква историска личност. Многу би сакал наредната година ако работиме целосно навистина да го направиме тоа што се очекува од нас поради потпишаниот Договор за пријателство, рече Димитров.

Драги Ѓоргиев оцени дека средбата поминала во академска атмосфера со плодна и многуслојна дискусија која, наведе, за жал, не донесе никакви резулати.

– Во тој поглед можам да се сложам со Димитров дека и нема резултати од средбата, но понекогаш  кога нема резултати и тоа покажува нешто, рече Ѓоргиев.

Потврди дека добар дел од средбата бил посветен на два записника од 9. и 10. средба, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, а е поврзана со различно толкување на Преспанскиот договор, од бугарските колеги.

-Тоа беше внесено во Комисијата после 6.средба, нашата страна не беше информирана за тоа, но бугарските колеги почнаа да го практикуваат тој начин на правење записници без притоа тоа да биде споделено со нас и да биде известено и нашето Министерството и можеби консултациите со Министерството ќе придонесеа да се надмине проблемот. Засега останува проблемот со придавката македонски. За тоа се разговара и на повисоко ниво и се надевам дека ќе се најде решение, рече Ѓоргиев.

Во врска со работатата на Комисијата за претствувањето на Цар Самоил и Самоиловата држава  во учебниците по историја за 7-мо одделение, не е постигната согласност, а главниот проблем според него, е во тоа што се избегнува внесување на една мултиперскептивност во учебниците по историја.

-Идејата да се наметне само едно видување на таа држава всушност резултираше со непостигнување резултати. Беа разменети неколку варијанти и предлози за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно споротивставени гледања за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади и како би требало да изгледаат идните учебници во РС Македонија и во Р Бугарија.Тука зборуваме речиси на различни јазици, и инсистирањето да се наметне едно гледање на одреден настан се судија во случај на Цар Самоил и поради тоа не беше постигната никаква согласност, вели Ѓоргиев.

Во однос на Гоце Делчев на состанок било разговарано многу малку, и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело..

За придавката македонски, Димитров реплицираше дека воопшто не станува збор за бугарско гледање на Преспанскиот договор, туку, вели, се работи на замена на теза, односно се инсистира дка во работата на Комисијата некој го става под сомнеж идентитетот и јазикот на граѓаните на РМ.

-Тоа не е вистина. Ако има некои забелешки тие се поврзани со патот кон формирањето на нацијата и идентитетот и таа историја што ја има еден современ јазик тоа се два квалитета на различни работи и не треба шпекулации со емоции на луѓето, рече Димитров.

Двајцата копретседатели потврдија дека имаат различни начини на гледање кон интерпретацијата на минатото кон средниот век, како и за Цар Самоил.

-Проблемот со придавката  македонски  е во тоа што со колегите од Република Бугарија не се согласуваме во однос на тоа во кој контекс тие може да се употребуват, а  во којконтекс не треба да се употребуваат  согласно Преспанскиот договор. Значи, ние не спориме за тоа  дека сето она што е поврзано со државноста  и произлегува од  самата држава како комисија на РСМ, Влада на СМ не може  во записниците да влезат како македонска влада,  тука ние немаме проблем. Меѓутоа, кога станува збор  на пример за македонска културна традиција, македонска историја, македонски јазик, македонски народ, тука имаме некое недоразбирање и јас сега да  кажам дека денес бевме конструктивни  двете страни во текот на следните денови ќе се состанеме повторно  во помал состав за да го разгледаме  уште еднаш и да  утврдиме точно  каде е проблемот, наведе Ѓоргиев.

Одговарајќи на  новинарско прашање Ѓоргиев рече дека до владите на двете дражви  веќе ги имаат доставено забелешките за петти и шестти клас за бугарските учебници и за шесто одделение за македонските учебници, а во тек е дискусијата за  бугарските  забелешки за  учебниците за седмо одделение.

-Така што, овие протоколи не пречат за доставување на препораките за учебниците за петто  и шесто Бугарија и шесто  во македонските учебници, посочи Ѓоргиев.

Тој појасни дека проблемот со придавката „македонски“ е во тоа што не се согласуваат со бугарските колеги во кој контекст треба таа да се употребува, а во кој не, согласно Преспанскиот договор.

-Ние не спориме дека сѐ што е повзрано со државноста и произлегува од самата држава како Комисија на РСМ, Влада на РСМ не може да влезе во записниците како македонска Влада или македонска комисија. Но кога станува збор за македонска културна традиција, македонска историја, македонски јазик, македонски народ, тука имаме некое недоразбирање, посочи Ѓоргиев и најави дека ќе се состанат наредната недела во помал состав за да го надминат овој проблем со цел потпишување на записниците

Димитров потврди дека ќе имаат средба онлајн следната недела. Нагласи уште еднаш дека не е вистина дека е завршен периодот на средниот век, и оти е поважно да ја завршат работата после средниот век, османскиот период и настаните од помодерната епоха. -Тоа е основната цел кај нас и пред нас, рече Димитров.

За Ѓоргиев е несоодветно да се користи формулацијата за разгледани периоди, и смета дека е подобро  да се дефинираат периодите кои се завршени според класовите и одделенијата во македонскиот и бугарскиот образовен систем

Back to top button
Close