Без сертификат влез во трговските центри-Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести
Владата на денешната седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од ковид-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ).
Согласно овие предлози, Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување ковид-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на ковид-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови, соопшти владината прес- служба.