Без струја делови од Аеросром, Карпош, Кисела Вода, Центар, Сарај и Студеничани

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од неколку населби во градот Скопје и од околните населени места.

-Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја че бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче ( општина Аеродром), од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај. ( општина Сарај ), а од 08.30 до 16.00 часот, корисниците на области од Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава ( општина Студеничани ).

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот ќе останат без струја и корисниците од бул. „Борис Трајковски“ лоцирани од крстосницата со патот кон Лисиче кон „Охис“, ул. 1523, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на „Циле Инжинеринг“ и Интеграф. ( општина Кисела Вода), во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. „Питу Гули“ лоцирани околу српската амбасада. ( општина Центар), од 09.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. „Пијанец“( општина Карпош ) и во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците на блокот згради лоцирани на потегот од бул. „Партизански одреди„ бр. 17 кон ул. „Максим Горки“. ( општина Центар )

Back to top button
Close