Без струја утре повеќе делови на Скопје

– Поради техничките зафати во електро-системот на Град Скопје, утре без електрична енергија ќе останат повеќе улици од општините Чаир, Ѓорче Петров, Центар, Гази Баба, Бутел и Карпош.

Како што информира РЦУК – Скопје, во периодот од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Атанас Бабата“ бр.26 и околните четири куќи на истата улица.

Од 09:00 до 12:00 часот корисниците од улицата „1409“ и дел од потрошувачите околу „БК мебел“, како и Железничката станица во Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Даскал Камче“ зграда бр.1А вл.1 и вл.2. Од 08:30 до 10:30 часот корисниците од населбата „Центар“, делот од улицата „Апостол Гусларот“ до О.У.„Песталоци“.

Од 09:00 до 13:00 часот корисниците од населбата „Гази Баба“ на улицата „Благоја Стефковски“, поточно потрошувачите помеѓу бензинската станица „Макпетрол“ и средните улилиште „Михајло Пупин” (поранешно „Коце Металец“) и „Партеније Зоографски“.

Во периодот од 13:00 до 14;00 часот корисниците од населбата „Радишани“ улица „18“ со броеви над 140 на улица „Радишанска“ во дел со вкрстување со улиците „18“ и „40“.

Од 09:00 до 14:00 часот корисниците од населбата „Карпош“ на улиците „Милан Марковиќ“ – од бр. 8 до бр.35, „Леринска“ – од бр. 1 до бр.11, улицата„Козле“ – од бр.15 до бр.20, и околина на овие објекти, улица „Крчин“ – од бр. 1 до бр.13.

Back to top button
Close