Без вода дел од корисници во Општина Кисела Вода

Прекинот на водоснабдувањето што го најави ЈП „Водовод и канализација“ за вчера кај дел од корисниците во Општина Кисела Вода е одложен за денеска.

Регионалниот центар за упраување со кризи на Град Скопје информира дека вечер со почеток во 22 часот бз вода ќе бидат корисници на дел од ул. „Христо Татарчев“ (од број 26 до број 88), а на улиците „Дебарска“, „Георги Димитров“ и дел од „Димо Хаџидимов“, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.

Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, во тек на прекинот ќе се врши промена на четири  затворачи со пречник од ф-200мм на крстосницата Христо Татарчев – Дебарска.

Прекинот ќе трае до завршување со активностите. лв/

Back to top button
Close