Без вода десетина села во Пелагонискиот регион


 

 

Фото: ЈП „Водовод и канализација“

Десетина пелагониски села утрово се без вода поради технички зафат на регионалниот водовод, односно спојување на стара челична цевка со ново изведена цевка Ф400.

Од јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопштија дека интервенцијата почна во 7 часот утрово и ќе се одвива до завршување на интервенцијата.

-Фирмата изведувач БВ инжинеринг-Битола го затвори регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената цевка Ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите во населените места Горно Оризари, Раштани, Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево,Мусинци и Далбеговци. Прекинот со водоснабдување ќе трае од 07:00 часот до завршување на работите, соопштија од битолскиот „Водовод“.

Back to top button
Close