Без вода неколку улици во Карпош

Корисниците на неколку улици во општина Карпош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“.

Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Софиска“ 7 и ќе трае до завршување со работните активности.

Од вчера попладне во прекин е снабдувањето со вода за корисниците на ул. „Демирхисарска“ во општина Шуто Оризари, каде има уличен дефект, на чие отстарнување ќе се работи денеска

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close