Безбедно слета авион на „Рајанер“ во Осло по закана за поставена бомба

Авион на Рајанер слета безбедно на главниот аеродром во Осло, откако доби закана за поставена бомба додека бил во воздух, соопшти денеска норвешката полиција на својот профил на Твитер.

Дански воени авиони Ф-16 беа во воздух за да го следат авионот во кој имаше 142 патника.

Уапсен е еден Британец (51) осомничен дека е одговорен за заканата. Полицијата  додаде дека сите патнци биле евакуирани безбедно. Авионот летал од лондонскиот аеродром Стенстед кон Осло.

Back to top button
Close