Бежоска за тв 24: а гувернер нема потешка одлука од носење на одлука за затворање на банка

Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска во емисијата 24 Анализа во врска со пропаѓањето на Еуростандард банката рече дека за било кој гувернер нема потешка одлука од носење на одлука за затворање на банка и дека таква одлука се носи откако ќе се исцрпат сите напори и можности за поповолно решение во банката, земјаќки го предвид интересите на депонентите.

„Таков беше и овој случај. Дозволата беше одземена откако беа исцрпени сите можности кои централната банка ги имаше и со години беа преземани мерки. Осум години беа преземени 70 мерки, а во последните две години, само 40 мерки се изречени кон банката за стабилизирање на банката преку комуникација со управниот одбор но ништо од тоа не вродило со плод.“ – рече гувернерката.

Додаде дека ако една банка стане несолвентна, тоа значи дека таа престанува да ги исполнува законските услови да работи како банка.

Back to top button
Close