Безлов: Политичката нестабилност во Бугарија ќе продолжи и изборите

Каков и да биде резултатот од утрешните парламентарни избори во Бугарија, па дури и доколку се формира нова влада, политичката нестабилност во земјата ќе остане, коментирана за „Блумберг ТВ Бугарија“ вишиот аналитичар во невладината организација „Центар за студии на демократијата“, Тихомир Безлов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, аналитичарот смета дека во Бугарија има две кризи- здравствено-социјалната и политичката. Според него, Бугарија е на врвот на третиот бран од Ковид-19 и никој не може со сигурност да каже дали ќе се намали бројот на заразени и кога и дали земјата ќе се врати на построгите анти-епидемиски мерки.

Аналитичарот коментира дека ефектот на пандемијата врз економиите, како бугарската, е во забавувањето на растот на приходите и неизвесноста дали приходите на владата ќе бидат спроведени според буџетот.

-Новата бугарска Влада, каква и да е, нема да има што друго да направи освен да се справи со пандемијата, т.е. кои мерки и стимулации да ги спроведе за да им помогне на бизнисите, оцени Безлов.

Тој изрази уверување дека дури и ако вакцинацијата се забрза, тоа нема да го реши проблемот со економските последици за најпогодените сектори во Бугарија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close