Безживотно тело извадено од Охридското Езеро

Од водите на Охридското Езеро попладнево е извадено безживотно тело на жена, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според него, безживотното тело било забележано околу 16 часот во близина на Канео и во полиција било пријавено од случаен минувач.

– Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот и идентификација на лицето, изјави Димоски.

Back to top button
Close