Безживотно тело на жена извлечено од Вардар
Тело на женско лице денеска претпладне било извадено од водите на реката Вардар во близина на мостот кај Стадионот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека телото било извлечено од полициски службеници од СВР Скопје.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, додека увидот на местото на настанот е во тек.
Се очекуваат повеќе дедали за случајот од надлежните институции подоцна во денот





