Безживотно тело пронајдено во камп приколка на Дојранско езеро


Во текот на вчерашниот ден 12.03 околу 13:30 часот во полициска станица Гевгелија, од итна медицинска помош било пријавено дека во камп приколка во село Николиќ кое е лоцирано во близина на Дојранското езеро, бил пронајден починат 70-годишниот С.К. од Скопје.

-Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, извести МВР.

Од страна на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Back to top button
Close