БГМК2030: Граѓанскиот придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво важни за С.Македонија и Бугарија

 Делегација од 30 гости од Бугарија беше пречекана од страна на пратеничката Моника Зајкова и претседателот на Американски Универзитет на Европа-ФОН, Сефер Цаноски на граничниот премин Деве Баир во рамки на тридневните активности за време на Конференцијата БГМК 2030- граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво, што ќе биде организиран од Renew Europe и АУЕ-ФОН во соработка и со учество на претставници од локалната самоуправа и граѓанскиот сектор од Северна Македонија и Бугарија.

Конференцијата БГМК 30 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ ќе се одржи на Американски Универзитет на Европа – ФОН каде домаќини ќе бидат ректорката проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска, проректорот проф. д-р Милко Палангурски.

Поздравен говор, како што е најавено, ќе одржи премиерот Димитар Ковачевски и известувачот на ЕП за РС Македонија, Илхан Ќучук.

Во рамките на панелот за доверба во меѓусебните односи – можности и перспективи ќе учествуваат Сефер Цановски, претседател на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, Горан Милевски министерот за локална самоуправа, Радослав Ревански градоначалникот на општина Белица, Висар Ганиу потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на  општина Чаир, Костадин Костадиновски член на УО на ЗЕЛС и градоначалник на општина Струмица, Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром и Душица Перишиќ извршен директор на ЗЕЛС.

Свој коментар на оваа тема ќе има и Ангел Ангелов, амбасадорот на Република Бугарија во Скопје.

Пред медиумите ќе бидат презентирани резултати од конкурсот за раскази „Бугарија и Македонија – блиските далечни “ од страна на Ангел Јанчев – директорот на СУ „Вела Благоева”.

На вториот панел „Преку граѓанска соработка до заедништво и сојузништво ќе учествува Моника Зајкова пратеничка и претседателка на Клуб на Млади во Собранието на РСМ, Андреј Стојкоски  во рамки на младинската соработка и член на управниот одбор на Националниот младински совет на Македонија, Лука Павичевиќ  како дел од студентско-образовна соработка,  претседател на Сојузот на средношколци на РС Македонија, проф. д-р Јордан Ѓорчев како дел од академската соработка и претседател на УО на Меѓународниот Славјански Универзитет, Св. Николе, Петар Колев  како дел од активистите за заштита од дискриминација соработка и претседател на Граѓанско демократска унија и Маринела Величкова (медиумска соработка) кореспондент на БТА од Скопје.

На овој панел ќе се приклучи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Планирана е посета на училиште во Чаир со цел соработка на училишта во двете држави во присуство на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир.

Ќе се одржи и вонредно предавање на студентите по меѓународни односи на АЕУ-ФОН од страна на Илхан Ќучук.

Back to top button
Close