БГНЕС: Франција денеска официјално ќе го испрати предлогот за укинување на бугарското вето за С Македонија до земјите од ЕУ – утре Петков ќе го достави до Собранието

Премиерот Кирил Петков до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на РС Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Ова, како што објави утрово БГНЕС, Петков им го кажал на своите најблиски соработници.

Како што се наведува во текстот, Петков се пофалил дека „детално е запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“:

„Во четврток (денес, 16 јуни) официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре го испраќам до парламентот. Лично, Емануел Макрон и Олаф Шолц стојат цврсто зад мене. Ќе го прифатиме, после тоа паѓаме и продолжуваме понатаму“ ги цитира БГНЕС наводно зборовите на Петков.

Вчера, на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочита неговото барање, кое беше веднаш прифатено, и кој предвидува „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“.

„Со овој потег, Петков освен што ги изолира сите од ова важно прашање, вклучително и Министерството за надворешни работи, практично од бугарското општество крие се што поединечно договарал и продолжува да преговара со странските дипломати. Кирил Петков вети и ‘брутален дипломатски напад врз сите бугарски политичари од странски дипломати во Софија’. Според него, најактивни ќе бидат француските, германските и американските дипломати – се вели во тестот на БГНЕС

Back to top button
Close