БГНЕС објавува сценарио за кревање на ветото: Во Париз се очекува Радев и Петков

Наскоро претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Кирил Петков, ќе одат во посета на Франција на средба со францускиот претседател Емануел Макрон, а во делегацијата ќе биде и претставник на бугарското МНР. Во Париз се очекува да го одобрат предлогот на Емануел Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ, објавува денеска БГНЕС повикувајќи се на информации од неименувани учесници на последниот коалициски совет што се одржа во петокот вечерта на 27 мај. Од бугарската новинска агенција тврдат дека нивните извори се од различни политички формации и секој поединечно ја потврдил информацијата што ја пренесуваат во денешната анализа.

Back to top button
Close