БГНЕС пишува дека Мицкоски е оженет со „Бугарка“, тој реагира дека сопругата има само македонски пасош

Најголемиот противник на сè што е бугарско во Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, е оженет со Бугарка, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС.

Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Роза, има бугарско државјанство, наведува бугарскиот медиум и тврди дека тоа јасно се гледа од избирачкиот список за претстојните парламентарни избори во Бугарија закажани за 4 април.


-Стевица која работи како нотар во градот Струмица има буварски пасош. Овој важен документ може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и самоопределување. Стевица Јанева е во списокот за претстојните парламентарни избори во Општина Петрич, што е оддалечено само неколку километри од нејзината родна Струмица – пишува БГНЕС.
Нејзиниот сопруг, пишува во текстот, е сопственик на најголемиот ресторан во центарот на Струмица и исто така е бугарски државјанин и го има во избирачкиот список, но во Благоевград. Доколу сака може да го искористи своето право на глас.

„Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз основа на докажано потекло, бидејќи државјанство се дава само ако твоите предци се Бугари, тогаш и Роза Мицкоска е Бугарска. Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и познат по својата остра антибугарска реторика. Неодамна, тој си дозволи да рече дека ако некој каже оти Гоце Делчев е Бугарин ’тој ќе направи дипломатски скандал ширум светот – пишува БГНЕС.
На ваквите пишувања на бугарските медиуми се огласи и Мицкоски. Тој не демантира дека сестрата на неговата сопруга има бугарскo државјанство, но наведува оти тој и сопругата, Роза, имаат само македонско.

„И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту ’браќата и пријателите‘ на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана – реагира Мицкоски.

Back to top button
Close