БГНЕС: Три теоретски можности во врска со ветото на Бугарија за Северна Македонија

Иако сите членови на владејачката коалиција тврдат дека нема услови за промена на сегашната бугарска позиција и дека таа ќе остане иста, информациите за претстојното укинување на ветото за РСМ се повеќе од случајни и спорадични, објавува денеска БГНЕС во нова анализа под наслов „Ќе го укине ли Бугарија ветото за почеток на преговорите за членство во РСМ во ЕУ?“

(…)

Понатаму во текстот, БГНЕС анализира три претпоставени ситуации за решение.

„Ако претпоставиме дека владејачката коалиција и бугарскиот премиер се искрени во нивните тврдења дека бугарскиот став и услови остануваат непроменети, тогаш единствената практична можност Бугарија да се согласи да даде согласност за РСМ за почеток на преговорите за членство во ЕУ е ако бугарските условите се целосно вградени во самата преговарачка рамка, која Европскиот совет ќе ја одобри за PCM. Само така бугарската страна би имала какви било гаранции дека условите што ги има за Скопје во иднина ќе бидат запазени и исполнети. Во случај на непочитување, Софија би имала легитимно право да го санкционира – преку Европскиот совет и неговите формати, неусогласеноста за која станува збор – се вели во текстот за првата теоретска можност.

Но, за да се случи тоа, бугарската страна мора во преостанатите денови да ги убеди своите европски партнери дека бугарските услови можат и мора да се појават како „европски“ услови во преговарачката рамка за РСМ.

„Постои втора, теоретска можност во која Софија би можела да го укине ветото – ако и покрај многуте ветувања, бугарската влада сепак се откаже од сегашната позиција и ја замени со нови, посакувани, заеднички, временски и просторно одложени очекувања и се обиде тоа да и го претстави на јавноста како мала уредувачка промена – се вели за втората можност.

Но, во тој случај, според БГНЕС, слична промена ќе треба да се даде и на мнозинството во бугарскиот парламент, вклучително и по цена на евентуална поддршка од опозицијата и, како што се вели, игри со кворумот.

„Поддржана со помпа од европските и прекуокеанските лидери, „креативната“ одлука ќе се рекламира, се разбира, како огромен успех за бугарската влада и дипломатија – коментира БГНЕС.

И конечно, третата опција – бугарската позиција да остане непроменета и ветото да не се укине.

„Во оваа верзија, со право, ќе има многу разочарани, особено меѓу оние од другата страна на Осогово, на запад или преку океанот, на кои случајни луѓе им даваат неодговорни и наивни ветувања – завршува анализата на БГНЕС.

Пред неколку дена истата агенција завчера објави текст со сценарио за кревање на ветото на Бугарија, кое вклучува посета на Петков и Радев на Париз на средба со францукиот претседател Макрон.

Петков не сакаше да коментира дека има покана за таква средба и рече дека дипломатите работат на ова прашање.

Радев денеска изјави дека нема услови за посета во Париз, бидејќи нема наредок во преговорите.

Генчовска вчера пред состанокот на Комисијата за надворешна политика на собранието на Бугарија изјави дека прашањето за Република Северна Македонија не може да се реши до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, нагласувајќи дека по минатонеделната средба на лидерите на владината коалиција од кабинетот на премиерот Кирил Петков посочиле дека „се потпираат“ на Министерството за надворешни работи, меѓутоа, според неа, „тимови на премиерот продолжуваат да го саботираат процесот на различни начини“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера од САД потврди дека има иницијативи од меѓународните партнери за надминување на разликите , меѓу кои и Франција, истакнувајќи дека редвната комуникација со бугаркото МНР продолжува.

извор

Back to top button
Close