Биљали Зендели: ДУИ нема да поддржи ништо што е спротивно на Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија

 

Арта Биљали Зендели од ДУИ во емисијата 24 анализа рече дека Џафери во одбивањето за референдум ја почитуваше процедурата и треба да ја оцени исправноста како што прошишува Уставот и Деловникот.

– При самото формирање на ДУИ, рековме дека нема враќање назад од Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија и ништо што е спротивно од тоа, нема да биде поддржано од ДУИ. Ние Договорот со Бугарија го ратификувавме согласно уставот и законите и тој станува дел од нашиот внатрешен поредок, изјави Биљали Зендели.

Back to top button
Close