Би-би-си: Дали Русија ги игнорирала предупредувањата од САД за терористички напад?
Терористичкиот напад во Москва покренува комплицирани прашања за Владимир Путин во вр. А голем дел се последица на предупредување од Вашингтон, пишува Би-би-си.

Предупредувањето од 7 март од САД беше упатено до нивните граѓани беше и во него се зборуваше за ризик од„екстремисти“ кои имаат „ планови да нападнат големи собири во Москва“. Им се советуваше на Американците во градот да избегнуваат масовни собири во наредните 48 часа.
Дералите во предупредувањето одговараат на настаните на 22 март. Се чини веројатно дека Вашингтон имал разузнавачки информации поврзани со Исламска држава (ИСИС) – групата која презема одговорност за нападот во Москва.
Покрај јавното предупредување до сопствените граѓани, САД рекоа и дека директно комуницирале со руската влада.
Но проблемот е што Москва ги игнорирала предупредувањата, вели Би-би-си.
Три дена пред нападот, рускиот претседател Владимир Путин се обрати до шефовите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), и им нагласи да се поддржи, како што ја нарече, специјалната воена операција – официјална фраза во Русија за инвазијата на Украина.
Тој тврдеше дека Украина се префрлила на, како што рече, „терористичка тактика“. Тој, исто така, директно зборуваше за, како што рече, „провокативни изјави“ од Западот за потенцијални напади во Русија. Тој рече дека предупредувањата „наликуваат на директна уцена и намера да се заплаши и да се дестабилизира нашето општество“.
Тоа сугерира дека недовербата меѓу САД и Русија значи дека Москва можеби не сакала да слуша и наместо тоа, ги сметала предупредувањата за обид да ѝ се пратат закани на Русија, поврзани со украинскиот конфликт.






