Би-Би-Си: Кина ќе дозволи двојките да имаат до три деца

– Кина денеска соопшти дека на секоја двојка ќе и дозволи да има до три деца, што означува крај на строгатата политика за две деца, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на државната агенција Ксинхуа, која посочи дека промената лично ја одобрил претседателот Си Џинпинг на состанокот на политбирото на Кинеската комунистичка партија.

Промената во политиката на планирање на семјеството доаѓа по последниот попис, што се изведува еднаш на 10 години, што покажа дека кинеското население се зголемува со најбавно темпо во последните неколку децении, јави Би-Би-Си.

Овие податоци извршија дополнителен притисок врз Пекинг да ги зајакне мерките за брачните двојки да имаат повеќе деца, со што ќе се спречи падот на популацијата.

Кинескиот попис, објавен на почетокот на овој месец, покажа дека минатата година се родиле околу 12 милиони бебиња, што е значително намалување од 18 милиони во 2016 година и најмал број на раѓања регистрирани од 60-тите години на минатиот век.

По објавувањето на резултатите од пописот,  се очекуваше Кина дае ги релаксира правилата за семејна политика.

Back to top button
Close