Би-Би-Си: Најмалку 130.000 смртни случаи од коронавирус не се евидентирани

Најмалку 130.000 луѓе во светот починале од коронавирус, а тоа официјално не е евидентирано, јави Би-Би-Си.

Според првичната евиденција за смртност од Ковид-19 во 27 земји, може да се заклучи дека има голем број смртни случаи кои не се евидентирани како последица на коронавирусот, но нивниот број сепак го надминува вообичаениот, просечен број на смртни случаи кои не се поврзани со Ковид -19, ниту со која било друга вонредна причина.

Овој феномен се нарекува „вишок на смртност“, односно тоа е број на смртни случаи што го надминува просечниот број на починати во една земја.

Back to top button
Close