БиХ ќе добие 11 тони заштитна опрема од СЗО

 Светската здравствена организација во следните две недели ќе достави вкупно 11 тони помош на Босна и Херцеговина, пренесуваат босанските медиуми.

Помошта вклучува заштитна медицинска опрема – заштитни маски, визири, ракавици, заштитни одела и друга опрема што ја користат медицински работници и заразените лица.

Во пратката треба да има и одреден контингент на ПЦР-тестови за коронавирус.

Заштитната медицинска опрема ќе се дистрибуира низ целата држава. 

Back to top button
Close