Билјана Иваноска ја отфрли понудата на обвинителството, утре ќе оди на распит

Кандидатката за градоначалник на Центар не знае ниту од кого е кривичната пријава, ниту за што. Утре треба да дознае што пишува во неа

 

Кандидатката за градоначалник за општина Центар од  „Независни заедно“, Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавното обвинителство на Македонија да дојде на распит – откако ќе завршат локалните избори на кои таа ќе учествува, за да не го сфати тоа како политички притисок врз неа.

Според она што го изјави за „Независен“, Ивановска утре напладне ќе оди на распит во обвинителството за даде изјава околу кричината пријава за која не знае од кого е и за што, а обвинителството не знае дали воопшто има основа за неа.

Back to top button
Close